Пендаровски очекува соодветни санкции за напаѓачот на снимателот на ТВ24

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди нападот врз снимателот на ТВ24 Љубиша Игнатов.

-Медиумските работници мора да бидат слободни да ги извршуваат своите работни обврски и недозволиви се напади кои ја загрозуваат нивната безбедност и ги обесхрабруваат да работат во корист на јавниот интерес и граѓаните кои од нив очекуваат навремени и проверени информации, истакна претседателот.

Пендаровски очекува брза истрага од надлежните институции и соодветни санкции за сторителот на делото.

Слични содржини