Пендаровски: „Одлучен удар 21“ е одлична можност за афирмирање на долгогодишното стратешко партнерство со САД

од Nikola Popovski

Вложувајќи во регионалниот мир и глобалната стабилност, вложуваме во безбедноста на нашата земја. Со реализација на воената вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак уште еднаш ја докажавме нашата интероперабилност со сојузниците од НАТО, објави претседателот Стево Пендаровски откако денеска на армискиот полигон Криволак, на Денот на високи гости, присуствуваше на воената вежба „Одлучен удар 21“.

Според него, ова е одлична можност за афирмирање на долгогодишното стратешко партнерство со САД, зајакнување на билатералното партнерство со Бугарија и со Грција.

Пред државниот врв и странските гости беа презентирани офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од АРМ, САД, Грција и Бугарија. Припадниците ги презентираа резултатите што ги постигнале во изминатите 15 дена.

Слични содржини