Пендаровски по повод Светскиот ден на волонтерството: Политичарите треба да учат многу од вас (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на волонтерството, упати порака до волонтерите со којашто им изразува благодарност за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност во извршувањето на нивните ангажмани и хуманитарни активности.

– Во животот секогаш најмногу не инспирираат поединците кои прават нешто добро, а, без никаков надомест. Доброволно, искрено, посветено и чесно, мотивирани единствено од желбата да се помогне некому во неволја, да се понуди утеха, да им се служи на другите луѓе и на заедницата на која припаѓаат. Вашата благородна мисија е ретка појава во светот во кој милиони секојдневно се во постојана трка по материјални богатства и моќ, не гледајќи дека покрај нив има многумина кои страдаат. Сите ние, имаме многу што да научиме од вас, вклучително и во прв ред, ние, политичарите, вели тој.

Слични содржини