Пендаровски по седницата на СБ: Ситуацијата е сложена, се зависи од тоа колку ќе трае пандемијата

од Vladimir Zorba

Консензулаен заклучок е дека треба да им се одаде признание на сите служби кои деноноќно работат на спречување на ширењето и справувањето со епидемијата. Потребниот здравстевн кадар, силите на полицијата и на Армијата се мобилизирани. Постои дневна координација и на централно и на локало ниво и сите расположиви ресурси и напори во овој момент се насочени кон справување со кризата, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата на коронавирусот.

Тој појасни дека на седницата на Советот беа разгледувани различни асппекти и консеквценци од епидемијата. За здравствените аспекти информирал министерот за здравство, за безбедносните претставникот од МВР и директорите на безбедносните служби. Мнистерката за одбрана и началникот на Генералштабот реферирале за ангажманот на Армијата во подршјка на полицијата, за надворешни информираше за враќањето на нашите државјани затекнати во странство, а гувернерката на НБ за примена на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на фирмите и граѓаните при плаќање на кредитите, за финансиската стабилност на банкикте за девизниот курс и за состојбата сои девизните резерви.

Претставници на економско-финанскиот тим на Владата и на премиерот реферирале за состојбата со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за последниот екононски сет на мерки со коои се поддржува македонската економија.

– Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спорведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно
однесување на граѓаните, рече Пендаровски.

Со спроведувањето на мерките за ограничено движење и затворањето на границите директно страда економијата, истакна тој.

– Сведоци сме дека и најразвиените земји се соочуваат со крупен предизвик во овој сегмент. Во оваа смисла ни претстои тежок период во кој ќе бидат потребни серија на мерки и одговорни одлуки со цел да се намалат колку што може штетите по националната економија. За таа цел потребна е мобилизација на сите економски капацитети во државата и прибегнување кон најрадикалните мерки само во крајна нужда и со определен временски рок , посочува Претседателот.

Советот за безбедност, според него ќе продолжи да ја следи состојбата и работата на сите институции ангажирани во овој период.

– До истекот на вонредната состојба ќе свикам најмалку уште една седница на Советот за пред нејзиното евентуално продолжување да биде презентирана целокупната ситуација со сите витални параметри неопходни за носење на одлука. Тешките денови се уште не се зад нас. Но, апелирам до сите да бидеме смирени, да бидеме рационални, да бидеме одговорни кон нашето здравје и нашите животи и солидарни еден кон друг. Почитувајте ги препораките, останете дома. Излегувајте само кога е неопходно. Немам никакви дилеми дека со заеднички напори сигурно ќе ја победиме епидемијата, вели Пендаровски.

Слични содржини