Пендаровски пред Бајден: Јас сум претседател на единствена земја што смени име за да стане земја членка на НАТО

од Берта Китинска

Имав 2-3 минути со Бајден, и помислив на кој начин да го искористам да не мапира нас, затоа што тие се толкава сила, а ние сме една од најмалите држави, кажа претседателот на државата, Стево Пендаровски, во  „Click Plus“ на ТВ21 објаснувајќи како поминала  во Глазгов кратката средба со американскиот претседател Џо Бајден.

„ Јас му пристапив со една речница: Јас сум претседател на државата која единствена во Светот го смени своето име за да влезе во НАТО. Вели дека го почитуваат тој факт. Ме праша како се одвиваат работите кај нас во регионот. Му споменав дека ЕУ и САД не се доволни присутни во регионот, и поради тоа, други екстра регионални сили го потполнуваат тој стратешки вакуум“, вели Пендаровски.

Слични содржини