Пендаровски прими претставници на Програмскиот колегиум на МКЦ

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Програмскиот колегиум на Младински културен центар – МКЦ.

Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар. Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

Слични содржини