Пендаровски-Рикер: САД се наш долгогодишен сојузник

од Nikola Popovski

Пред почетокот на заедничкиот панел на Преспа-форумот за дијалог поразговаравме со Филип Рикер в.д. помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, објави претседателот Стево Пендаровски.

Тој наведува дека остануваат посветени на зацврстување на стратешкото партнерство.

-САД се наш долгогодишен сојузник. Имаме поддршка за реформите во одбраната и безбедноста, владеењето на правото, независноста на судството, јавната администрација, информира Пендаровски за средбата со Рикер.

На Вториот ден од Преспа Форумот ќе се одржат две пленарни сесии на високо ниво а на кои учествуваат претседателите на РСМакедонија, Словенија и на Црна Гора, Стево Пендаровски, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ како и премиерите Зоран Заев, на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија Еди Рама и претставникот на Босанското претседателство, Зоран Тегелтија.

Дводневниот Преспа Форум ќе заврши со Прес Конференција, на која ќе бидат соопштени впечатоците од дискусиите на оваа најголема досега Меѓународна Конференција воопшто организирана во Македонија.

Слични содржини