Пендаровски: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во Втората светска војна се убиени над 500.000 Роми низ Европа и Балканот. Загрижувачки е што денес, и во современите демократски општества, се сè уште живи историските неправди кон Ромите. Наша заедничка историска и цивилизациска одговорност е јавно да се спротивставиме на ваквите појави, за трагедиите од Втората светска војна никогаш да не се повторат, вели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски по повод Денот за сеќавање на жртвите Роми за време на Втората светска војна.

– Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество. Таа коегзистенција треба да продолжи во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит, вели претседателот,

Слични содржини