Пендаровски: Сакам ЕУ да ни каже – ова е вистинскиот план за вас

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека војната во Украина е помош за европската интеграција на сите земји што сакаат да бидат дел од Унијата.

-Ниту една војна не е позитивна за аспирациите. Мораме да признаеме дека има недостатоци во европската безбедносна структура. Членките на ЕУ со говорот велат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување. Сакам ЕУ да ни каже: ова е вистинскиот план за вас, инаку се повеќе ќе опаѓа довербата во членството во европското семејство, рече Пендаровски на официјалната воведна сесија на високо ниво „Што после војната во Украина?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог.

Според него, кога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите реформи.

-Да не заборавиме дека ние сме само една од земји кои протераат руски дипломати и се приклучија на санкциите на ЕУ кон Русија, изјави меѓу другото Пендаровски.

Слични содржини