Пендаровски се обрати на доделувањето на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на претседателот.

Годинешни носители на наградата се актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија, неформалната група на млади Младите на Една може (One Can Youth), во категоријата на неформални групи на млади, и здружението Гоу Грин (Go Green), во категоријата на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

Наградата за младинско учество ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националниот младински совет на Македонија и има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата во трите категории ја врачија Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт и Марија Крстевска, претседателка на Национален младински совет на Македонија.

Слични содржини