Пендаровски се сретна со Санчез, Курти и Гор во Давос

од Nikola Popovski

Претседателот Ство Пендаровски информира дека на Светскиот форум во Давос се сретнал со шведскиот премиер Педро Санчез, косовскиот премиер Албин Курти, Принцот Алојз од Лихтенштајн и поранешниот американски потпретседател Ал Гор.

-Благодарност до шпанскиот премиер Санчез за принципиелната поддршка од Шпанија на македонските евроинтеграции. Со косовскиот премиер Курти ги реафирмиравме заедничките заложби за натамошно јакнење на добрососедските односи, во интерес на заедничките европски перспективи.

Со Принцот Алојз од Лихтенштајн, разговаравме за актуелните политички и економски случувања во Европа како и за ефектите врз економиите во ЕФТА, каде Лихтенштајн е земја-членка.

На средбата со американскиот политичар и поранешен потпретседател на САД, Гор разменивме мислење за надворешната политика на САД и Северна Македонија низ призма на актуелните случувања во Европа и светот, како и за потребата од интензивирање на трансатланските односи, соопшти Пендаровски.

Слични содржини