Пендаровски: Силјановска не сака да биде претседател, таа сака да биде наследник на Иванов

од Vladimir Zorba

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во својот говор денеска на централниот митинг во Скопје истакна дека неговиот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, не сака да биде претседател, туку наследник на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

-Таа сака да биде кочничар и да ја врати земјата назад, рече Пендаровски.

Пендаровски порача дека на 21 април очекува голема поддршка од сите, и од Македонците и од Албанциите, и од Турците, Србите, ромите, Власите и од Бошњаците бидејќи само заедно можеме напред.

„Градиме едно општество за сите и горди сме што тој концепт е препознаен како концепт за успех и прогрес. Градиме општество во кое сите сме еднакви пред законите“, порача Пендаровски.

Слични содржини