Пендаровски: Сите деца да имаат еднаков пристап до редовното образование

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на ОУ „Единство“ во Гостивар, каде што имаше можност да се сретне со неколку дечиња со попреченост. Пендаровски потенцира дека секој напредок за постигнување инклузија на децата со атипичен развој е мотив повеќе кој нè охрабрува дека со заеднички напори се можни позитивни промени.

-Седумте дечиња со попреченост кои го посетуваат ОУ „Единство“ во #Гостивар покрај редовната настава од неодамна имаат можност за индивидуални часови со стручен кадар, ја користат новоадаптираната училница опремена со потребни реквизити, а се обезбедени и образовни асистенти за две деца.

Мораме да продолжиме да ја сензибилизираме јавноста по овие прашања со цел сите деца да имаат еднаков пристап до редовното образование, порача претседателот.

Пендаровски им се благодари на родителите на девојчето Ембла за изненадувањето за време на неговата денешна посета на училиштето во Гостивар

-Фотографијата со Ембла ќе ми биде драг спомен од нашето дружење, додаде Пендровски.

Ембла Адеми, 11-годишното девојче од Гостивар седна во училишните клупи откако на првиот ден од второто полугодие минатата училишна година, не беше во можност зашто родители на други деца ја бојкотирале наставата, бидејќи не сакале нивните деца да учат со неа. Ембла има Даунов синдром, а бојкотот на родителите бил бидејќи се жалеле на агресивност. Тие покренаа петиција во која напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“.

Слични содржини