Пендаровски упати официјална честитка за католички Божиќ

Претседателот на земјава, Стево Пендаровски попладнево упати честитка до сите католички верници кои го празнуваат предвечерието на Христовото раѓање, односно утрешниот празник Божиќ.

Неговата честитка ви ја пренесуваме во целост:

Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празничните денови да ги минете во мир и во хармонија, исполнети со радост и со среќа.

Празникот на Христовото Раѓање секогаш асоцира на време поминато во прегратка на најблиските, среде топлината на нашите домови. Да ја испочитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамките на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со своето одговорно однесување за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19 и за зачувување на животите и на здравјето на нашите сограѓани. Нека големината на овој празник и неговото значење ни бидат духовна поткрепа и надеж за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие.

Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов.

Христос се роди!

Слични содржини