Пендаровски утре ќе ја прими првата доза од вакцината против коронавирус

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе прими вакцина против ковид-19 во Куманово, соопштија од неговиот кабинет.

Пендаровски утре во 14:00 часот ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

Според последните податоци на Министерството за здравство, дневно се вакцинираат над 13 илјади граѓани на целата територија, од кои повеќе ја примаат првата доза на вакцина, а околу илјада лица се ревакцинираат.

Досега над 350 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk.

Слични содржини