Пендаровски: Во овие времиња на неизвесност да ги надминеме поделбите и да се обединиме

од Vladimir Zorba

Во овие времиња на неизвесност да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали, вели во своето обраќање претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

„Годинава прославуваме 30 години од независноста, години во кои имавмеи подеми и падови, три децении на успеаси,но и на бројни надворешни и внатрешни искушенија,кои предизвикаа длабоки кризи и поделби.Во овие времиња на неизвесност за нас, но и за целиот свет, ќе мора одново да ги надминеме внатрешните поделби и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали. Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата, преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото. Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас како претпоставка за општество на рамноправни граѓани. Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас, вели претседателот.

„За многу години Илинден! Да ни е вечна и вековита Република Северна Македонија!“, заврши Пендаровски

Слични содржини