Пендаровски во Црна Гора на покана на Ѓукановиќ, ќе се сретне и со Кривокапиќ и Абазовиќ

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски, на 12 и 13 април ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека Ѓукановиќ утре со највисоки државни почести ќе го пречека Пендаровски во резиденцијата во Цетиње.

„По пишувањето во книгата на гости и тет-а-тет разговори кои ќе продолжат со средби со делегации, претседателите ќе имаат изјава за јавноста. Во продолжение на првиот ден од посетата, претседателот Ѓукановиќ ќе подготви свечена вечера во чест на високиот гостин. На вториот ден од посетата, двајцата претседатели ќе го посетат Бар. На крајот од официјалната посета на претседателот на Северна Македонија, ќе биде организиран работен ручек на тврдината Бесац во Вирпазар, во организација на претседателот Ѓукановиќ“, се вели во соопштението.

Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, Пендаровски ќе се сретне и со црногорскиот премиер и вицепремиер Здравко Кривокапиќ и Дритан Абазовиќ.

Слични содржини