Пендаровски: Време за губење нема, уште денес да седнеме со Заев и Мицкоски да најдеме решение за изборите

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски оцени дека нема потреба за нова вонредна состојба.

Во своето денешно обраќање тој рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.

-Ниту една од четирите вонредни состојба не беше донесена  заради бројките, туку беше донесена за Владата кога нема парламент да може да се носат мерки за помош на граѓаните, компаниите и обезбедување на здравствена заштита, вели Пендаровски.

Во однос за изборите тој напомена дека се неопходни за да добиеме функционален парламент

-Доколку не се договориме за заеднички датум, за инклузивни избори, тоа ќе предизвика влез во длабока политичка криза. Сакам да упатам јавен повик до лидерите на најголемите политички партии, до Зоран Заев и Христијан Мицкоски, да седнеме уште денеска и да најдеме решение, изјави Пендаровски.

Слични содржини