
– Двајцата претседатели ја изразија својата намера да ги развијат врски меѓу двете земји и во сите други области од заеднички интерес и во корист на граѓаните на Србија и Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на Вучиќ. Во него се посочува дека српскиот претседател му го честитал изборот, со желба за придонес во напредокот на земјата и за развојот на билатералните односи меѓу Србија и Македонија.
Претседателот Вучиќ на средбата го поканил претседателот Пендаровски да ја посети Србија и изразил надеж дека оваа посета ќе даде поттик за развојот на соработка и добрососедските односи.
Пендаровски, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател, му се заблагодарил на Вучиќ за присуството на инаугурацијата, изјавувајќи дека му е мило што има пријатели во регионот. Пендаровски ја прифатил поканата да ја посети Србија на есен.