Пендаровски за Бугарската црква: Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА?

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски смета дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и Бугарската православна црква (БПЦ).

-Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Северна Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Северна Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, порача Пендаровски во емисијата „24 анализа“.

БПЦ во текот на денот излезе со соопштение дека влегува во канонско единство со МПЦ-ОА, но дека се разгледува и размислува за името.

Слични содржини