Пендаровски за датумот за преговори со ЕУ: Ги интересира како ќе ги организираме изборите идната година

од Viktor Jovanov

Политичка одлука нема да има подолго од 6 мај. Се надевам дека одлуката ќе биде позитивна. Одлуката може да ја дочекаме и порано до следниот самит во март, но доколку таа не биде позитивна и чекаме мај, тогаш ќе сакаат да видат како ќе ги организираме изборите, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по средбата со францускиот претседател Макрон во однос на добивањето датум за преговори.

-Ми рече дека може да се обврзе на методологијата, на одлука до мај и да дојде во нашата држава, лично. Многу негативни извештаи имаше за Франција, за кои Макрон тврди дел не биле точни. Тој беше јасен и кажа, „немам намера да ви нудам алтернатива на членството“, вели Пендаровски.

Иако не добил гаранција за добивање датум за преговори на пролет, Макрон на Пендаровски му гарантирал изгласување во март на новата методологија за проширување на ЕУ.

-Не добив сигнал дека сигурно ќе добиеме датум за преговорите на пролет. Добив гаранција дека се создава новата методологија за проширување која треба да биде усовена во март. Тоа е нешто сосема ново во ЕУ. Таа методологија може да ги засегне базичните стандарди на Унијата.

Слични содржини