Пендаровски за личните карти: Не се согласувам за етничката припадност, но ќе го потпишам указот

од Nikola Popovski

„Лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност“, изјавил претседателот Стево Пендаровски во интервју за порталот „МКД.мк“.

Тој посочи дека ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка,тој нема многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпише указ.

„Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти“, потенцира Пендаровски.

Пратеничката Славјанка Петровска во вчерашното гостување на ТВ 24 рече дека СДСМ поднела амандман на Законот за лични карти со кој изјаснувањето на етничка припадност не би било задолжително.

„СДСМ е за тоа законот за лични карти да влезе со собраниска процедура, како што и се случи. Ние имаме три амандмани за предлог законот, од кој едниот е изјаснувањето на етничката припадност на граѓаните во личните карти  да не биде задолжително. Сметаме дека ако е задолжително тогаш таа норма ќе се коси со уставот. Подготвени сме ова да го дискутираме во Собранието, со аргументи“, вели Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на законот за лични карти доколку не биде прифатен нивниот амандман: се уште во документите да не користи Северна, и покрај тоа што прифати во личните карти стои етничката определба бидејки тоа значи враќање на македонскиот идентитет изгубен со Преспанскиот договор.

Лидерот Мицкоски и понатаму тврди дека зад блокадата на Левица стои премиерот Зоран Заев кој не може да го исполни договореното со БЕСА бидејќи дипломати му сугерирале дека тоа е прекршување на спогодбата со Грција.

 

Слични содржини