Пендаровски за РСЕ: Треба понизок праг од два проценти за независните кандидати

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски очекува да се почитува препораката на ОБСЕ/ОДИХР непосредно пред избори да нема менување на изборните правила.

Од неговиот Кабинет за РСЕ соопштиле дека доколку во овој период се оди со измени, став на претседателот е, тоа да биде со поширок политички и општествен консензус постигнат не само меѓу власта и опозицијата, туку и со релевантните организации од граѓанскиот сектор.

-Во врска со најавениот Предлог за измена и дополнување на Изборниот законик, во делот кој би пропишал независните советнички групи да треба да соберат потписи од два проценти од вкупниот број на избирачи запишани во една општина, претседателот Пендаровски смета дека треба да се предвиди понизок праг со цел да се овозможи поголемо учество на граѓаните во изборниот процес“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Слични содржини