Пендаровски: Законот и Уставот треба да ви се обраќаат така како што се чувствувате тука е суштината на спорот со Бугарија

од Берта Китинска

-Нема нешто ново по прашањето со Бугарија, односно пред два, три дена се одржа онлајн седница на заедничката Комисија во која не се зборуваше за нешто ново туку за усогласување на записниците од предходните државни средби, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на  ТВ Клан.

-Оваа средба имаше еден технички аспект, не се зборуваше за  придавката туку називот на Комисијата. Пред се.кога ги толкуваме нормите од Преспанскиот договор околу придавката јас бев првиот кој кажа дека таа не може да се употреби за некои државни институции како Македонската телевизија, армија … таму има други луѓе кои не се Македонци, на пример кога ќе кажете македонската армија тие сметаат на тоа дека тоа е етничка институција кои ја имаат Македонците како своја, а другите се гости односно не се газди на истата. Онаму каде има етничка конотација македонскиот народен театар таму е логично меѓутоа за оние кои не сакаат да имаат македонско државјанство можат да изберат да им стои на истото дека се државјани на РСМ со тоа не го потиснувам моето македонско воедно не ги навредувам другите националности ако вие се чувствувате како Албанци, на како Македонци со албанско потекол како што имаше  предлози, Законот и Уставот треба да ви се обраќаат така како луѓето се чувствуваат тука е суштината на спорот со Бугарија бидејќи они велат,  да ние ќе ви се обраќаме сега така , но вчера, завчера до пред некоја година не си бил тоа што си,  и тоа е навреда, објасни Пендаровски.

Слични содржини