Пендиков на свечена церемонија и официјално ќе стане Бугарин

од Nikola Popovski
541 прегледи

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска на свечена церемонија во 14 часот и 30 минути по бугарско време ќе му ги врачи бугарските лични документи и државјанство на охриѓанецот Христијан Пендиков. Ова го соопштило прес-службата на шефот на бугарската држава.

-Потпретседателката Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло, се наведува во соопштението.

Како што пишуваат бугарските медиуми, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија. Таа важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одличја.

Секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој е роден Охриѓанец што од неодамна има бугарска самосвест, Христијан Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Тој во моментов живее во Софија каде доби сопствен стан и обезбедување.

Во Охридскиот суд се уште трае судењето за претепувањето. Обвинети се две лица.

Слични содржини