Пендиков отпуштен од ВМА во Софија

од Nikola Popovski

Генсекот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков е отпуштен од Воената-медицинска академија (ВМА), соопштиле од болницата, пишуваат бугарските медиуми.

Тој беше примен на ВМА откако беше нападнат на 19 јануари 2023 година во Охрид. На 20 јануари со владиниот авион „Фалкон“ од Македонија во Бугарија беше пренесен и примен на лекување.

Кога Пендиков бил примен во болница, лекарите констатирале бројни повреди на лицето и телото, односно полифрагментна фрактура на долната вилица, стои во текстот на „БНР“.

Се додава дека лекувањето на Пендиков продолжува во домашни услови, додаваат од ВМА.

Слични содржини