Пенс: САД нема да го остави убиството на Кашоги неразрешено

од desk2

Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги нема да биде оставено без одговор од страна на САД, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс за време на конференција во Вашингтон организирана од весникот „Вашингтон пост“.


– Ве уверувам сите, како и американскиот народ, дека ќе ја дознаеме вистината и ќе го обелодениме се она што е поврзано со жестокото убиство на новинарот, невин човек, дисидент. Тоа нема да остане без одговор од страна на САД, а очекувам и без меѓународен одговор, истакна Пенс.

– Ние сакаме да дознаеме што навистина се случило. Претседателот Трамп јасно кажа дека ќе ги мобилизира сите ресурси на нашето разузнавање и ќе соработуваме со претставници на разузнавањето на Турција, со Саудиска Арабија и со сите држави во светот, ќе ги дознаеме фактите и потоа ќе бидат преземи решенија, нагласи Пенс, додавајќи дека „Трамп ќе одлучи дали ќе бидат воведени санкции или некои други мерки“.

Саудискиот новинар Кашоги, познат критичар на политиката на Ријад, исчезна на 2 октомври откако влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. На 20 октомври саудиските власти соопштија дека тој бил убиен во зградата на дипломатското претставништво при конфликт со службеници, но не дадоа повеќе детали за инцидентот.

Слични содржини