Пентагон одобри продажба на муниција на Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на муниција за борбени авиони Ф-16 на Тајван, вредна 619 милиони долари, соопшти Пентагон.

Продажбата вклучува 100 ракети AGM-88B (HARM), 200 AIM-120C-8 ракети воздух-воздух со среден дострел (AMRAAM), како и лансери и ракети за вежбање.

Продажбата ќе ја зајакне „способноста на Тајван да обезбеди одбрана на воздушниот простор, регионална безбедност и интероперабилност со САД“, објави синоќа Пентагон.

Продажбата доаѓа во време на голема тензија меѓу Вашингтон и Пекинг, особено околу Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Тајванската влада ја поздрави првата американска продажба на оружје оваа година и деветта под претседателот Џозеф Бајден.

Слични содржини