Пентагон: САД ќе останат во Сирија до гарантиран пораз на ИД

од Maja Serafimova

Присуството на САД во Сирија останува се додека не биде гарантиран конечен пораз на терористичката групација Исламска држава, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

-Немам кристална топка што ја претскажува иднината. Мислам дека ќе останеме се додека не можеме да гарантираме конечен пораз н Исламската држава, изјави тој.

Моментално, американската војска во Сирија е разместана во 11 бази и контролни пунктови.

Американците се вратија во 6 од претходно напуштените 16 бази по воената операција на Турција во регионот. Во 4 од тие бази, расположени во реони под контрола на Курдите покрај границата со Турција, има околу 200 француски војници. Американците ги засилуваат своите позиции и на границата со Ирак, како и во областите каде има наоѓалишта на нафта.

Според некои регионални медиуми, американските и француските војници, распоредени на неколку бази во реоните Деир-ез-Зоре, Хасеке и Раке вршат обука на припадници на одреди за народна самоодбрана.

Како што е веќе познато, на почетокот на октомври Турција започна воена операција во североисточна Сирија. Турската инвазија беше запрена по преговорите со САД и Русија. Беа договорени нови зони на влијание, и спроведени американски и турско-руски патроли на териториите ослободени од Курдите.

Слични содржини