Пентагон: Украина би можела да ја добие војната против Русија

од Nikola Popovski

Портпаролот на Пентагон рече дека Украина „апсолутно“ може да победи во војната против Русија, дури и кога американските власти зборуваат за ризик од подолг конфликт.

„Се разбира дека можат да победат“, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифингот.

Тој истакна дека Русија досега можеше многу да направи, но дека рускиот претседател Владимир Путин постигна точно нула од своите цели во рамките на Украина.

„Тој не го зазеде Киев. Тој не ја собори владата. Тој не ја отстрани Украина како национална држава и ја презеде контролата само на мал број населени места“, додаде Кирби, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека тоа не се ни местата што тој навистина ги барал.

„Значи, знаете, Мариупол сè уште не е освоен. Путин ги премести силите од Киев. Ги премести силите од Чернигов. Тие не го зазедоа Харков. Тие не го зедоа Николаев на југ“, посочи Кирби.

Американскиот функционери изјави дека Украинците храбро се борат за својата земја.

„Тие одбија толку многу стратешки цели на Путин, така да тие апсолутно можат да победат“, заклучи Кирби.

 

Слични содржини