Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.

– Им се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата – се вели во соопштението од влада.

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Слични содржини