„Пензионерски дом“: Белгиското дефанзивно трио заедно има 101 година

од Vladimir Zorba

Како што очекуваа и најавуваа повеќето спортски аналитичари, натпреварот помеѓу Белгија и Португалија немаше многу можности, ниту пак понуди атрактивен фудбал. Белгијците стигнаа до четвртфиналето со минимална победа (1:0), а „црвените ѓаволи“ повторно ја сочуваа мрежата недопрена.

Покрај голманот Тибо Куртоа, најзаслужни се дефанзивната тројка Алдервеирелд, Вертонген и Вермален. Тројцата заедно имаат 101 година, а најмладиот меѓу нив е Тоби Алдерверелд кој има 32 години. Вертонген има 34 години, Вермален една повеќе. Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез се одлучи за поискусна одбрана, иако играше со Денајер на стартот на Европското.

Сепак, дефанзивците на Белгија не се ниту најстарите фудбалери во нокаут фазата. Таа титула му припадна на Пепе, кој настапи синоќа на возраст од 38 години и 121 ден.

Има многу стари и искусни дефанзивци на Европското првенство, Италија има најмногу од нив. Кај„азурите“, најстар е Киелини, кој има 36 години, Леонардо Бонучи е на 34, а Франческо Ацерби е една година помлад.

Слични содржини