Пеп: Приоритет пред Сити е освојување на титулата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола најави дека главен приоритет пред тимот до крајот на сезоната останува освојувањето на титулата.

„Граѓаните“ имаат солидна предност на врвот на табелата и ако тимот не падне во тешка криза од лоши резултати, ќе го освои трофејот.

Досега „граѓаните“ освоија едно одличје во кампањата – Лига Купот, откако го победија Арсенал во финалето.

„Ние ќе се бориме за најважниот трофеј за нас оваа сезона, имено титулата од Премиер лигата“, најави Пеп, цитиран од „Скај Спортс“.

„Ова е наш приоритет до крајот на кампањата. Да, ние се наоѓаме во доста добра позиција да станеме шампиони, но ништо уште не е завршено. Претстојат многу тешки натпревари, кои треба да ги одиграме“.

„Само треба да се обидеме да победиме што повеќе средби и да не се опуштаме ниту за миг“, додаде каталонецот.

Слични содржини