Перез ги нарече Раул и Касилјас „најголемите измами на Реал“

од Nikola Popovski

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, се најде во центарот на скандал затоа што шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ наиде на снимки од 2006 година во кои тој упатува сериозни обвинувања кон две легенди на клубот, Раул и Икер Касиљас.

Тој ги нарече двете споменати легенди за „измами“.

„За разлика од Бекам, Роналдо и Зидан, кои му носат профит на клубот, Раул не продава апсолутно ништо, дури ни дрес, затоа што нема медиумско внимание. Тој верува дека Реал е негов и затоа заминав. Го уништува клубот и моралот. Многу лош човек“, рекол тогаш Перез.

Сепак, не застанал тука.

„Не разбирам зошто Касилјас е толку сакан од навивачите. Тој е една измама, а Раул е друга. Двете најголеми измами во историјата на Реал Мадрид “, жестоко ги опиша Перез легендите.

Флорентино беше надвор од клубот три години, но триумфално се врати на кормилото.

Во врска со скандалот, Перез рече дека тоа е стратегија на шпанскиот весник со цел да му наштети на проектот Суперлига.

Слични содржини