Перез ги навредувал и Фиго и Гути: Двајцата се најлоши во Реал …

од Vladimir Zorba

Шпанскиот весник „Ел Конфиденсиал“ продолжи да објавува снимени разговори на Флорентино Перез, во кои првиот човек на Реал ги клевети поранешните асови на мадридскиот клуб. Прво објави интервју во кое Перез ги нарече измамници легендите на Реал – Икер Касилјас и Раул Гонзалес Бланко, потоа транскрипт во кој тој рече дека Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо се разгалени момци кои не можат да ја видат реалноста.

Денес, шпанскиот весник објави снимки од разговори во кои се слуша што мисли Перез за Луис Фиго и Гути.

– Фиго е тој што ги сврте соблекувалните наопаку. Ку ** ин син. Исто како и Раул. Двајцата се најлоши во Реал, го напаѓа Перез Фиго во разговор од 2006 година.

А тој зборуваше за Гути во 2012 година.

– Тој е магаре. Тој се однесува како јарец. Изрод. Тој си е најголем свој непријател. Тој е идеален за „Радио Кадена Сер“ ако сакаат да вработи ретардиран. Морон. Тој е срам, никој нема да го памети заради сите натпревари што ги загубивме поради него, изјави Перез.

Слични содржини