ПЕРЕЗ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СУПЕРЛИГАТА: Не се плашиме од исфрлање од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Претседателот на најтрофејниот фудбалски клуб во Европа, Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска изјави дека проектот на фудбалската Суперлига не е мртов и дека клубовите се уште можат да го започнат тоа натпреварување.

Првиот човек на мадридскиот великан потенцира дека актуелниот европски шампион не се плаши да биде исфрлен од Лигата на шампионите, бидејќи длабоко веруваат дека постапуваат правилно.

„Секако дека Суперлигата е сè уште жива. Во моментов сме на суд во Луксембург и судското рочиште ќе покаже дали сме во право или не. Веруваме дека имаме право да го организираме натпреварувањето“, рече Перез во телевизиската програма „Ел Чирингито де Хугонес“ во Мадрид и додаде:

„Разбираме дека УЕФА има монопол и дека натпреварувањата мора да постојат. Никогаш не се плашевме да не бидеме исфрлени од Лигата на шампионите. Вечерата со претседателот на УЕФА, Чеферин пред финалето на Лигата на шампионите беше срдечна. Не се согласуваме, но одржуваме добра врска“.

Проектот Суперлига започна во март минатата година, но брзо беше затворен по повлекувањето на англиските тимови.

Слични содржини