Перишиќ пред заминување од Интер

од Vladimir Zorba

Хрватскиот играч за врска на Интер, Иван Перишиќ е пред заминување од клубот. Неговиот договор истекува и тој одби нова понуда за продолжување со плата од 5 милиони евра по сезона плус бонуси, вели новинарот Матео Морети.

Се очекува Перишиќ да му се приклучи на Тотенхем во Лондон. Менаџерот на Спарс, Антонио Конте многу го посакува играчот во својот тим.

Јувентус, исто така, е во преговори со претставниците на фудбалерот, кои, според информациите, му нудат годишна плата од 6 милиони евра.

Слични содржини