Перо Антиќ не размислува за пензионирање

од desk4

Кон крајот на јули, Перо Антиќ ќе наполни 36 години, но тој не размислува за повлекување од професионалната кошарка.
Поранешниот репрезентативец на Македонија ја освои титулата во Србија со Црвена Ѕвезда, а за него ова беше седма титула во првенство, откако досега имаше две во Грција (со АЕК и Олимпијакос), две во Бугарија (со Лукоил Академик) и две во Турција (со Фенербахче).

„Реков дека сакам да ја завршам мојата кариера, но сега мислам дека се уште се забавувам на теренот. Ќе видиме што ќе се случи во текот на летото. За сега, јас сум слободен агент. Раководството на клубот е зад мојот грб, а Мишко Ражњатовиќ (неговиот агент -н.з.) треба да ми ги покаже понудите и да процениме дали има смисла да одам некаде далеку од моето семејство“, рече Антиќ.

Ветеранот се врати во Црвена Ѕвезда по 10-годишна пауза и веднаш ја освои титулата, која недостасуваше во неговите витрини со признанија.

Слични содржини