„ПЕРСОНА НО ГРАТА“: Русија протера италијански дипломат

од Vladimir Zorba

Русија, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Италија, го прогласи асистентот на италијанскиот воен аташе за персона нон грата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

На асистентот на италијанското аташе му беше наредено да ја напушти Русија во рок од 24 часа.

Во соопштението се вели дека италијанскиот амбасадор во Москва, Пасквале Терачано, денес е повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му е врачена нота со која го прогласува помошникот воен аташе за „персона нон грата“, како одговор на непријателските и неосновани активности на властите кон воениот аташе во руската амбасада во Рим, пренесе ТАСС.

На крајот на март, Италија протера двајца руски дипломати откако полицијата објави дека уапсила италијански офицер кој, како што е наведено, предал тајни документи на руски офицер во замена за пари.

Слични содржини