ПЕС ги поддржува европските амбиции на Албанија и Северна Македонија

од Берта Китинска

Претседателот на Партијата на европски социјалисти, Сергеј Станишев дава силна поддршка на европските амбиции на Албанија и Северна Македонија.

Од неговата партија посочуваат дека крајно време е да се унапреди процесот на проширување.

-Посветеноста на Европа кон Западен Балкан е клучна во време на голема глобална несигурност. Мора да го зачуваме кредибилитетот на нашата надворешна политика и да го обезбедиме напредокот што го постигнаа Албанија и Северна Македонија на демократијата, владеењето на правото и економскиот просперитет.Двете земји презедоа значителни реформи за да ги унапредат разговорите за пристап, велат од ПЕС.

Од ПЕС посочуваат дека секое натамошно одложување сериозно би ризикувало да го поткопа значителниот напредок и добрососедските односи постигнати до овој момент.Отааму посочуваат дека овој процес е од огромно национално значење и за Албанија и за Северна Македонија, и тие повикуваат сите национални актери да го градат своето учество во јавната дискусија врз цврсти аргументи и објективна вистина, „а не врз политички опортунизам и националистички чувства“.

-ПЕС будно ги следи случувањата во Северна Македонија и ја изразуваме нашата солидарност до Социјалдемократскиот сојуз во Северна Македонија. Ние целосно ја разбираме растечката фрустрација во регионот и остануваме во близок контакт со нашите сестрински партии и ќе продолжиме тесно да соработуваме со нив во Брисел, веат од ПЕС.

Слични содржини