Песков: Ќе ги намалиме ризиците за нашите партнери поради невоведувањето санкции

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска повтори дека земјите од колективниот Запад, на чело со Америка, вршат остар притисок врз земјите кои не се приклучија на санкциите против Русија, додавајќи дека Москва продолжува со „блиските контакти со своите партнери за да се минимизираат ризиците“.

Песков рече дека земјите од колективниот Запад, на чело со Америка, вршат отворен, остар притисок врз голем број земји кои не се приклучуваат на санкциите против Русија.

„За тоа ни кажуваат самите тие земји. За жал, тие мораат да се носат со таквиот притисок“, рече Песков.

Тој додаде дека тоа бара посебно внимание од Русија и од самите тие земји.

„Ги продолжуваме блиските контакти со нашите партнери за да ги минимизираме ризиците“, рече Песков, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини