Песков: Чекаме конкретни предлози од САД за контрола на вооружувањето

од Stefanija Kuzmanovska

Русија останува отворена за дијалог со САД за контрола на вооружувањето, но чекаме конкретни предлози од официјален Вашингтон преку дипломатски канали, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков.

Коментирајќи ја изјавата на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, дека „САД се подготвени за дијалог со Русија за контрола на вооружувањето без предуслови“, портпаролот на Кремљ оцени дека пораката на Саливан е „важна и позитивна“, пренесува ТАСС.

„Се разбира, очекуваме дека тоа ќе биде поддржано со конкретни потези преку дипломатски канали, а потоа ќе може да се разгледаат предложените формати за дијалог. Русија останува отворена за дијалог, сметаме дека е исклучително важно, но прво треба да разбереме како е формулиран овој предлог“, објасни Песков.

Слични содржини