Песков: Фатени диверзанти кои се обиделе да предизвикаат експлозија на „Турски тек“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека на руска територија биле фатени диверзанти кои се обиделе да предизвикаат експлозија на гасоводот „Турски тек“.

– Одредени сили, чие потекло го навести рускиот претседател Владимир Путин, се обидоа да го нападнат дури и „Турски тек“. Диверзантите се фатени, неколку лица се уапсени. Сакаа да го кренат во воздух. На наша територија, на копно – изјави Песков за новинарите денеска.

Во понеделникот, за време на оперативната консултација со членовите на Советот за безбедност на Русија, Путин објави дека Киев се обидел да предизвика експлозија на една од делниците на гасоводот „Турски тек“.

Европа практично нема можност да купува руски гас

Песков во разговор со новинарите рече и дека Европа практично останува без можност да купува руски гас, а „Турски тек“ е единствениот сигурен пат за транзит на овој енергент.

– Гасниот центар е навистина многу интересна тема. Видете, имаше терористички напади и, навистина, Европа практично ја изгуби способноста, дури и да сака, да го купува нашиот гас – рече Песков и додаде дека Европа сега е осудена да купува три пати поскап американски течен гас.

Слични содржини