Песков ги повика властите на двете Кореи да се воздржат од провокации

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од понатамошни провокации за да се избегне ескалација на безбедносната криза на Далечниот Исток.

Песков, коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркационата линија меѓу Северна и Јужна Кореја, рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува, пренесува РИА Новости.

На прашањето за потенцијалниот напад на Иран врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такви информации, ниту е јасно од каде тие доаѓаат.

Слични содржини