Песков го посети Донбас

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го посети Донбас за да обезбеди обука за медиумските работници, изјави денеска првиот заменик-шеф на администрацијата на рускиот претседател, Сергеј Кириенко.

„Би сакал да му се заблагодарам на Дмитриј Сергеевич Песков кој синоќа се врати од Луганск, каде одржа обука за медиумите и претставниците на печатот од Луганск и Доњецката Народна Република“, рече Кириенко, а пренесе агенцијата ТАСС.

Песков на прес-конференцијата рече дека рускиот претседател Владимир Путин на крајот ќе го посети Донбас, но дека засега нема конкретни планови за таа посета.

Слични содржини