Песков: Херсонската област останува територија на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денеска отфрли какви било промени во статусот на регионот Херсон во врска со повлекувањето на руските трупи од Херсон на левиот брег на реките Дњепар.

На брифингот, на прашањето дали е можно да се промени статусот на областа, чија анексија Русија ја објави на крајот на септември, Песков одговори дека Херсонската област е субјект на Руската Федерација и дека овој статус е законски дефиниран и фиксиран.

На прашањето дали ситуацијата кога Русија ги повлекува своите сили на левиот брег на Дњепар е понижувачка за рускиот претседател, Песков одговори: „Не“.

Слични содржини