Песков: Киев не сака преговори, операцијата продолжува

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска изјави дека Специјалната воена операција во Украина продолжува бидејќи Москва не гледа знаци дека властите во Киев се подготвени за преговори.

„Конфликтот во Украина може да биде прекинат по постигнување на претходно поставените цели преку специјална воена операција или со постигнување на истите цели преку мировни преговори. Тоа е исто така можно“, рекол Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ додаде дека се чини дека ставот на Киев останал непроменет.

„Киев не сака преговори, затоа продолжува специјалната воена операција“, заклучи Песков.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно најави дека Киев е подготвен за преговори, но под посебни услови, со промена на руското раководство.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека би сакал војната во Украина да заврши дипломатски.

Слични содржини