Песков: Не ги признаваме ограничувањата на цената на нафтата воведени од Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска изјави дека Русија „не ги признава и нема да ги признае“ ограничувањата на цената на нафтата воведени од Западот и дека Москва работи на тоа овој систем да не им наштети на нејзините интереси.

Песков истакна дека земјите од Г7 поставиле „плафон цена“ за руската нафта, но врз основа на нивото на цените на пазарот, тој „плафон“ всушност не постои, пренесува РИА Новости.

На овој начин, портпаролот на Кремљ ја коментираше вчерашната изјава на американскиот енергетски пратеник Амос Хохштајн, кој изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта „добро функционира“, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини