Песков: Неконструктивен став на САД за нападот во Сирија

од desk2

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков оцени денеска дека ставот на САД и другите земји за наводно користење хемиско оружје во Сирија не е конструктивен.


Тој нагласи дека Москва не се откажала од дипломатските напори во врска со ситуацијата во Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе одговори на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, во кој се проценува дека загинале најмалку 60 лица.

САД и ЕУ во неделата ја обвинија сириската Влада дека извршила напад со хемиско оружје во Дума, град во источниот дел на областа Гута, кој е под контрола на бунтовниците. Руската војска демантира дека воопшто дошло до напад. Сириските власти, исто така, ги отфрлаат тврдењата дека извршиле било каков хемиски напад.

Слични содржини