Песков откри дали има услови за средба меѓу Путин и Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека се уште нема неопходни предуслови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски и дека во моментов нема разговори меѓу Москва и Киев.

„Украинската делегација на преговарачи, така да ја наречам, исчезна од радарските екрани. Сега нема разговори. Специјалната воена операција продолжува и ќе продолжи се додека не се постигнат поставените цели“, рече Песков, пренесе агенцијата ТАСС.

„Што се однесува до средбата на највисоко ниво меѓу претседателот Путин и неговиот украински колега Зеленски, таа може да се одржи само откако преговарачите ќе ја завршат домашната задача“, рече портпаролот на Кремљ.

Слични содржини